Сведоци за тепањето на Села, Кирацовски, Џафер и Манчевски

Сведоци за тепањето на Села, Кирацовски, Џафер и Манчевски


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Алексадар Кирацовски, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по велигденските празници ќе сведочат во судот на рочиштето за нападот над пратеникот Зијадин Села.

Собранискиот спикер Џафери бил и претходно поканет да сведочи, но со претходна најава до судот го одложил терминот поради приватни обврски.

Тие ќе треба да извршат препознавање на лицата што се осомничени дека извршиле напад врз пратеникот Зијадин Села. Обвиниети за нападот се десет лица. На едно од судењата половина милион евра бараше пратеникот Зијадин Села од десеттемина обвинети за трошоците што ги направил за болничко лекување во странство, претрпените физичка и психичка болка и страв.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно