Судијата им се закани дека ќе им ги одземе мобилните телефони на обвинетите од Титаник

Судијата им се закани дека ќе им ги одземе мобилните телефони на обвинетите од Титаник




Судијата Осман Шабани ги искара обвинетите во случајот Титаник дека ги злоупотребуваат мобилните телефони во судницата, поради шо ги предупреди дека доколку продолжат на следното рочиште, уште на влезот ќе им бидат одземени.

– Ви дозволивме пред вас да ги имате телефоните но не и да ги злоупотребувате. Затоа ве предупредувам да не се повтори бидејќи следниот пат ќе ви ги одземам на влезот – рече судијата Шабани. Новинарите не се во можност да видат кој од обвинетите го злоупотребил телефонот, односно што точно направил, бидејќи во новиот суд јавноста на судењето е разделена од обвинетите со стаклен параван. 

Во овој случај обвинети се 21 лице од кои повеќето се од поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно