Струга ќе се дави во фекалии

Струга ќе се дави во фекалии


МЈП „Проаква – Струга“ испрати итно известување до ЕЛЕМ, подружница ХЕЦ „Глобочица“ во кое предупредува дека канализацијата во Струга е пред колапс поради подземни води.

Од јавното претпријатие предлагаат да се намали испустот на води во реката Црн Дрим за состојбата да не ескалира.

Од „Проаква“ сметаат дека на зголеменото ниво на подземните води влијае испуштањето на водите од Охридското Езеро во реката Црн Дрим и дека шахтите и цекововодите се преполни. Таквата состојба на системот на канализацијата според претпријатието е поради застареноста на цевководите и шахтите кои примаат подземни води поради притисокот на истите од прелевањето на реката Црн Дрим од преголема количина на води кои поминуваат сред градското подрачје.

Исто така, според известувањето проблем се јавува во системот на примарниот колектор во должина од 17 километри од Охрид за Струга каде има преполни цевки со пумпни станици кои работат надвор од планираното. Во известувањето се предупредува дека ситуацијата ќе се влошува ако во следните денови нивото на Црн Дрим не се намалува во делот на пречистителната станица во Врништа. Од претпријатието предлагаат излезно решение само преку управување со испуштените води во реката Црни Дрим, односно предлагаат да се намали испустот на води од 25-30 кубни метри во секунда за да паларалено истекуваат и насобраните подземни води на подрачјето на Струга.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно