Страотно злосторство на Велики Петок: Ја убил жената со чекан зошто го оставила

Страотно злосторство на Велики Петок: Ја убил жената со чекан зошто го оставила


Никодије Божиновиќ (60) од Кладово е уапсен под сомнение дека брутално ја усмртил невенчаната сопруга Мирјана Инѓиќ (35), а потоа се обидел да изврши самоубиство.

Никодије Божиновиќ (60) од Кладово е уапсен под сомнение дека брутално ја усмртил невенчаната сопруга Мирјана Инѓиќ (35), а потоа се обидел да изврши самоубиство. На Никодија Божиновиќ наречен Кокан му е одреден притвор до 30 дена под сомнение дека на Велики петок со два удари во главата со чекан ја убил невенчаната сопруга Мирјана, а потоа испитл „бенеседини“ обидувајќи се да изврши самоубиство. Лекарите му го спасија животот на Божиновиќ и тој се чувствува добро, додека несреќната жена починала на самото место.  

-Причина за убиството се нерачистени љубовни односи. Мирјана која со малолетниот син околу четири години живеела со Кокан, а заминала од него пред месец дена и пронашла човек со кој ја планирала иднината, велат мештаните. -Кокан се пресели во својот тукушто купен стан во населбата Палестина, и тие двајца почнаа да живеат одвоено, но се уште се гледаа. Божиновиќ, велат мештаните со денови најавуваше дека ќе ја убие Мирјана зошто „нашла друг“, велат соговорниците. Додека живееја заедно, тие двајца делуваа среќни. 

-Кокан се претставуваше како човек кој ни мравка не би згазнал. Но вистината беше помрачна. Тој Мирјана и нејзиниот син психички ги злоставуваше, дури и понекогаш ја удираше и за се мораше да го слуша. Нејзинито син многу пати јадеше по соседството зошто беше гладен, а веројатно поради кавга со Кокан не добиваше оброк, велат соседите и додаваат дека жената била вредна. 

-Работеше во пекарата и во ресторан и чистеше по куќи. Беше бегалец од Хрватска и имаше хрватски пасош. Според зборовите на маштаните, Божиновиќ последните денови насекаде зборувал дека ќе и пресуди на Мирјана. 

-Во пекарата каде Мирјана работеше сите се плашеа дека Кокан ќе дојде и тука ќе ја убие, велат соговорниците. Кобното утро Мирјана отишла кај Никодија и дошло до кавга. Тој го фатил чеканот и два пати ја удрил во глава. 

-Зетот на Кокан тоа утро требало да дојде во станот и да му ја намести ТВ антената. Но, кога дошол станот бил заклучен. Тогаш зетот ја повика сопругата, ќерката на Кокан да донесе клуч. Кога влегол внатре имал што да види! Мирјана лежела во локва крв, черепот и бил отворен, а покрај неа бил чеканот. Кокан бил без свест зошто се наголтал „бенседини“, велат соседите. 

Додека бил во брак со првата жена, Божиновиќ бил осомничен за убиство на тастот. 

-Сите знаеја дека тој не се сложува со својот таст и дека имале несогласување. Потоа со него отиде во шума да сечат дрва. Дојде со несреќа, дрво му паднало на тастот на глава и го убило на самото место. Така Кокан раскажа во полиција. Тогаш постоеше сомнение дека тој го извршил убиството, но за тоа немаше докази, велат мештаните.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно