Страотна несреќа на најопасната магистрала на Балканот: Едно лице загина, три се борат за живот

Страотна несреќа на најопасната магистрала на Балканот: Едно лице загина, три се борат за живот


На Ибарската магистрала во близина на Краљево, кај селата Баре и Лозно, утрово околу 9 часот дојде до страотен директен судар на два патнички автомобилио во кои имало 4 лица.

Во меѓувреме едно од лицата починало од здобиените тешки повреди, друго лице е критично, а уште двајца се тешко повредени. 

Тешката сообраќајна несреќа се случила на патот Краљево- Рашка, кога едно од возилата од засега непознати причини преминало во спротивната лента и директно се судрило со друго возило. Возилата толку биле смачкани што пожарникари морале да ги извлекуваат повредените во нив.

Имено, се судриле „мерцедес“ со новопазарски регистарски таблиќки, во кое биле три лица, и „форд“ со нишки таблички, кои се движеле во спротивни ленти. Сите повредени се префрлени во Општата болница во Краљево.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно