Стефан Богоев ја запроси Ивана: Дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне Груевски

Стефан Богоев ја запроси Ивана: Дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне Груевски


Стефан Богоев( 28), градоначалникот на Општина Карпош, вчера ја запроси својата долгогодишна љубов, Ивана Анѓеловска.

Со голема торта, во форма на кутија за накит, и со прстен изработен од фондан, тој на уникатен начин и предложил брак на својата сакана.

-Со еден глас за, Ивана избра да – напиша најмладиот градоначалник од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил, по што следеа стотици честитки од неговите пријатели и поддржувачи.

-Со Ивана сме заедно осум години. Имаме голема љубов, разбирање, што би се рекло, сите предуслови за брак ни беа исполнети. Но причината поради која што ја запросив осум години од почетокот на нашата врска е интересна. Имено, јас уште многу одамна дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне власта предводена од Груевски.

Ете, го дочекавме тоа, па дојде ред и на запросувањето – ни изјави Богоев.Стефан беше еден од најистакнатите шарени револуционери. Голем говорник, борбен и решителен, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија. Тој е дипломиран економист на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно