Стартна позиција за Фетел

Стартна позиција за Фетел


Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Бахреин, а Ферари потврди дека има најбрз болид на оваа патека обезбедувајќи го и второто стартно место за Кими Раиконен.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон успеа да стигне само до четвртото место, откако побрз од него беше и клупскиот колега Валтери Ботас, што значи дека Британецот поради казната за промена на менувачот, ќе ја започне трката од деветтото место.

Тоа дополнително ќе ја отежни ситуацијата на Хамилтон кој не успеа да победи на премиерната трка во Австралија, а во Бахреин неговото четврто место ќе го заземе секогаш амбициозниот Рикиардо. Во Топ 10 во квалификациите се најдоа и Жасли, Магнусен, Хулкенберг, Окон и Саинц, Алонсо е 13-ти, додека Ферстапен кој излета од патеката во втората сесија, ќе мора да се задоволи со 15-та стартна позиција.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно