Старбакс на кафето мора да стави предупредување за рак

Старбакс на кафето мора да стави предупредување за рак


Корпорацијата Старбакс и други продавачи на кафе мора да стават предупредување за рак на кафето кое го продаваат во Калифорнија,

Така одлучи еден судија во Лос Анџелес, изложувајќи ги компаниите на можни парични казни во вредност од милиони долари. Малку позната непрофитабилна група тужеше околу 90 трговци со кафе вклучувајќи го и „Старбакс“, поради тоа што го прекршиле законот во Калифорнија кој бара компаниите да ги предупредат потрошувачите на хемикалиите во нивните производи што би можеле да предизвикаат рак.

Една од овие хемикалии е акриламид, нуспроизвод на печењето на зрната кафе, кој во големи количини е присутен во свареното кафе.

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес Елиу Бер во одлуката од средата изјави дека „Старбакс“ и другите компании не успеале да покажат дека не постои значителен ризик од канцерогенот произведен во процесот на печење кафе.

„Старбакс“ и другите обвинети имаат рок до 10 април да поднесат приговор против одлука.

Старбакс одби да коментира, упатувајќи ги новинарите на изјавата на Националната асоцијација за кафе (НЦА) која вели дека индустријата размислува да поднесе жалба и понатамошни правни дејства.

„Ефектите за предупредување за рак на кафе би довеле до заблуда. Упатствата за здрава исхрана дадени од страна на САД наведуваат дека кафето може да биде дел од здравиот начин на живот“, се вели во изјавата на НЦА.

Официјалните лица од „Данкин доунатс“, дел од „Мекдоналдс корп“,и други големи продавачи на кафе не реагираа веднаш на барањата за коментар.

Тужбата беше поднесена во 2010 година од страна на Советот за образование и истражување на токсини (ЦЕРТ). Беше побарана парична казна од 2.500 долари по лице за секоја изложеност на хемикалијата во продавниците на обвинетите во Калифорнија од 2002 година па наваму. Секоја граѓанска казна, за која ќе се одлучува во третата фаза на судењето, би можело да биде огромно во Калифорнија која има околу 40 милиони жители.

„Старбакс“ ја изгуби првата фаза од судењето во која не успеа да го докаже дека нивото на акриламид во кафето е под нивото што би претставувало значителен ризик од рак. Во втората фаза на судењето, обвинетите не успеаја да докажат дека постои прифатливо „алтернативно“ ниво на ризик за канцерогените, покажаа судските документи.

Неколку обвинети во случајот се спогодија пред одлуката во средата, согласувајќи се да постават натписи за хемикалијата поврзана со рак и да платат милиони во парични казни, според објавените извештаи.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно