Српската војска има вежба

Српската војска има вежба


Тактичката вежба „Содејство 2018“ почна на полигонот Пасуљански ливади, во изведба на Четвртата бригада на Копнената војска, Воздухопловната бригада и Специјалната бригада.

Вкупно 923 припадници на војската учествуваа во вежбата, а се користени различни видови на оружје и мобилни средства. Во вежбите меѓу другото се вклучени тенкови, борбени возила на пешадијата M-80A, самоходна хаубица, тенк за екстракција и тенк носач, повеќецевни ракето фрлачи, минофрлачи, авиони за напад „Орел“ и хеликоптери ХН-42 „Гама“ и Ми-8 хеликоптер, Хамери, беспилотно летало „Орбитер“...

Тактичката вежба со боево гаѓање „Содејство 2018“ се изведува во рамки на годишниот план за реализација на вежби во Војската на Србија за 2018 година.

Целта на вежбата, чија тема е изведување бунтовничка операција, е преку изведување тактички вежби со боево гаѓање да се унапреди тактичката и борбена оспособеност на посадата, службата и одделенијата и преку колективна обука да се провери способностите на единиците за извршување на задачите.

Вежбата се реализира преку запоседнување на линијата на блокадата, па блокада на населеното место, изведување на нападот, повик да се предадат и неутрализирање на бунтовниците во населеното место.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно