Српската полиција ги гони фотографираните марихуанџии

Српската полиција ги гони фотографираните марихуанџии


Српската полиција започна акција за „лов“ на малолетници кои се сликаат со марихуана.

Главен фокус е страницата на социјалните мрежи „Србија дрога“ на која ученици се сликаат со марихуана, а дел од нив се забележани и пред полициски коли како еден вид на предизвик кој ќе направи „похрабра“ поза.

Во досегашната акција пронајдени се двајца администратори на страницата „Србија дрога“ кои се малолетни и се од Белград. Тие го признале делото, но тврделе дека не ја конзумирале дрогата туку тоа го правеле од забава.

Ова е се почест тренд како во Европа така и на Балканот, односно на мрежите како Инстраграм да се објавуваат слики со џоинт марихуана за тинејџерите да станат популарни и да добијат следбеници. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно