Среќна е Хајди иако е топлес

Среќна е Хајди иако е топлес


Манекенката Хајди Клум ја пронајде среќата покрај гитаристот на бендот “Tokio Hotel”, Том Каулиц, а врската ја потврдија во текот на паузата на снимањето на “America’s Got Talent”.

Неодамна, парот уживал во рајските плажи во Мексико, а Хајди била фатена во топлес издание покрај Каулиц.


Дестинацијата која заљубениот пар ја избрал е летувалиштето Кабо Сан Лукас, а тие поминувале најмногу време во вилата која ја изнајмиле за одмор. 

Имено, Хајди на себе носела само долен дел од костим за капење и очила за сонце, а парот не можел да ги тргне рацете еден од друг. Клум и Каулиц ја “објавија” својата романса во март оваа година, а љубовта помеѓу нив се родила за време на “America’s Got Talent” каде го започнале своето дружење кое прераснало во страсна романса.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно