Среќата ги помилува фаворитите

Среќата ги помилува фаворитите


Денеска е извлечена ждрепката за англискиот ФА куп, а иако беше една од можностите, таа не донесе дерби пресметка меѓу градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Клубовите од Манчестер можат да бидат задоволни иако ќе гостуваат, откако Сити за противник го доби Виган во реприза од финалето во 2013 година, во кое аутсајдерот направи изненадување, а сега се натпреварува во третата англиска лига. Манчестер Јунајтед ќе му гостува на подобриот од возвратниот натпревар меѓу Хадерсфилд и Бирмингем.

Челси го пречекува Хал, Лестер за противник го доби Шефилд Јунајтед, а најнеизвесен на хартија е премиерлигашкиот дуел меѓу ВБА и Саутемптон. Натпреварите ќе се играат на 17 и 18 февруари.

Ждрепка осминафинале ФА куп:
Виган-Манчестер Сити
Хадерсфилд/Бирмингем-Манчестер Јунајтед
Челси-Хал
Лестер-Шефилд Јунајтед
ВБА-Саутемптон
Шефилд Венздеј-Свонси/Нотс Каунти
Милвол/Рочдејл-Њупорт/Тотенхем
Брајтон-Ковентри


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно