Среќа за Ѓоковиќ, што Агаси си замина

Среќа за Ѓоковиќ, што Агаси си замина


За Радмило Арменулиќ, искусен тениски стручњак, нема дилеми, Агаси немал доволно искуство, но ниту знаење да му помогне на Ѓоковиќ и затоа одлучил да се повлече.Искусниот српски тениски тренер цени дека Андре Агаси го повлекол најдобриот потег.

-Бев против соработката уште првиот ден, бидејќи на Новак не му носеше ништо добро.Ценам дека Ѓоковиќ имаше среќа што Агаси се повлече, бидејќи ништо не направи за него.Дури мислам дека Новак му помогна нему, бидејќи од Агаси направи тренер-рече Арменулиќ, додавајќи.

 -На Новак доволни му се Штепанек , фитнер тренер и физиотерапевт.Ништо повеќе од тоа. На Новак повеќе му е  потребно нацијата да застане зад него.Денеска во светот Новак е синоним за Србија, како што некогаш Тито беше за Југославија.Потоа Арменулиќ од стручен агол уште малку се осврна на соработката Агаси- Ѓоковиќ.Никогаш не работел како тренер и немаше искуство како да му помогне на Новак. Новак игра подобро од основната линија, отколку што тоа во свое време го правеше Агаси, а и ратамот на Новак е подобар.Како тогаш Агаси можел да му помогне. Не се снајде и мораше да си замине, категоричен е Арменулиќ

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно