Средношколец од Струга силуван од соученик

Средношколец од Струга силуван од соученик


Средношколец од Струга бил сексуалано злоупотребуван од соученик, информира МВР.

Случајот бил пријавен во ПС Струга вчера од Центарот за социјални работи. Според пријавата, која ја дал ученик во средно училиште во Струга, тој во неколку наврати лани летото, под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик. 

Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца. Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште. 

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно