Србинот продолжува да изненадува: Ѓоковиќ го распушти и вториот тренер во период од четири дена!

Србинот продолжува да изненадува: Ѓоковиќ го распушти и вториот тренер во период од четири дена!




Новак Ѓоковиќ пред само четири дена ја прекина соработката со Андре Агаси кој ја имаше улогата на негов прв тренер, а ако како причина од страна на медиумите беше наведен проблемот во комуникацијата кој го имале двајцата, сега сосема неочекувано пристигна уште една изненадувачка вест од таборот на српскиот тенисер. 

Во период од само неколку дена, поранешниот светски рекет број еден го распушти и својот втор тренер, или поточно Радек Штепанек со кого почна да соработува на крајот на 2017 година, човекот кој самиот тој го најави како голем плус во желбата да напредува. Наместо тоа, на нивната соработка и дојде крај по само пет месеци, а тоа предизвика нова низа коментари дека Србинот едноставно е загубен во овој момент и дека со избрзаните одлуки само дополнително си ја отежнува работата. 

– Приватните односи со Радек беа и ќе останат извонредни, а Новак уживаше да работи со него во изминатиот период. Ѓоковиќ е исклучително благодарен за поддршката која ја доби од Радек, а сега останува цврсто фокусиран на својот напредок и желбата да се врати посилен и поодлучен по долгата пауза поради повредата. Во исто време, Новак константно и страствено бара нови начини да ја врати победничката форма, – гласи соопштението кое го испрати тимот на Ѓоковиќ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно