Спиејќи почина фудбалер пионер на Женжан

Спиејќи почина фудбалер пионер на Женжан


Млад пионер на француски Женжган починал во сон.

Откако серија на трагедии го потресоа светот почнувајќи од смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, нова ужасна вест доаѓа од Франција. Млад пионер на француски Женжган починал во сон. Женжан денеска објави дека младиот Баптист Ле Фол, членот на младинскиот тим У12 починал во сон, иако претходно немал никакви здравствени проблеми, ниту пак на лекарските прегледи се покажало дека има некакви проблеми. Генган длабоко вознемирен сака да ви соопшти дека неочекувано почина Баптист Ле Фол. Клубот изразува длабоко жалење и сочуство за семејството, на сите членови на клубот, како и на соиграчите на овој млад фудбалер“, стои во соопштението на францускиот клуб. Инаку на почетокот на овој месец почина и млад фудбалер на Троа. Тој беше еден од четирите смртни случаи во овој месец - Давиде Астори, Томас Родригез, Адријан Лилебек и Бруно Бобан.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно