Сообраќајка-двајца повредени

Сообраќајка-двајца повредени


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булeварот “Свети Кирил и Методиј“.

Несреќата се случила меѓу товарно моторно возило “Ивеко“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.Е.(27) од тетовското село Камењане и мотоцикл со скопски регистерски ознаки, управуван од Н.Ј.(48) од Скопје.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош Н.Ј. бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.Возачот Ј.Е. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно