Сонцето над Македонија го претворија во милиони евра

Сонцето над Македонија го претворија во милиони евра


Сите шест милионерчиња заедно од 2012 година до сега произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!!!

Кои фирми се милионерчиња од производство на струја од сонце?

Мегасолар ДООЕЛ“, скопска фирма која има фарма за производство на струја во селото Гермијан, во општина Новаци, битолската околија е убедлив лидер во производство на струја од сонце во категоријата заработени пари! Од официјалните податоцо од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) фирмата „Мегасолар“ досега инкасирала 3,825 милиони евра од продажба на 9.329 мегавати струја. Таа е повластен производител кој во јули 2011 година доби привилегирана цена од 410 евра за мегаватчас струја. Оваа фирма има лиценца за продава струја по 410 евра за мегаватчас до 2031 година. Ако се земе во предвид колку пари добиле за околу 30 отсто од каренцата на лиценцата, а не знаеме колкава била инвестицијата во централата, во крај на 2031 година реално е да очекуваат приход што во најпесимистичка варијанта ќе надмине 12 милиони евра. Ако се земе во предвид дека производството на оваа соларна централа од почетокот до сега е доволно да ги задоволи потребите за струја на цела Македонија за одвај 8 часа прашање е дали вредело да се инвестира во ова? Колку школи, детски градники или болници ќе чини производството на „Мегасолар“ до 2031 година?

Торпедо Солар“ е сончева централа лоцирана во битолското село Егри. Од декември 2012 година до сега со повластената цена од 260 евра за мегаватчас оваа сончева централа имала приход од 1,97 милиони евра.  Нејзиниот инсталиран капацитет е речиси еден мегават, а досега на мрежа предала 7.577 мегаватчасови електрична енергија.

На листата милионерчиња е повторно битолска компанија – АБ Солар Битола која има две централи во демирхисарскиот регион поточно во Суводол. Двете централи имаат привилегирана цена од 260 евра за мегаватчас, а досега заедно предале 7.275 мегаватчасови струја. За тоа АБ Солар Битола наплатил вкупно 1,89 милиони евра. Овие сончеви централи работат од 2013 година.

На четврто место е уште една пелагониска централа управувана од скопска фирма. Станува збор за компанијата„Солартек“ која има производна единица со инсталиран капацитет од 1 мегават поставен во прилепското село Старо Логово. Од 2013 година до сега предале 7.265 мегавачасови електрична енергија и за тоа имаат приход од 1,889 милиони евра. Мегават струја продаваат за 260 евра.

Петтата позиција е резервирана за една централа од Штип. Фирмата е „Текома“ поставена е инсталацијата кај селото Долани, а инсталираниот капацитет е 777 киловати. Мегават струја продаваат по цена од 260 евра, работат од 2012 година, а досега произвеле и предале 5.595 мегаватчасови струја за штонаплатиле 1,455 милиони евра.

Последниот шести милионер е скопската фирма „Отворена енергија“ која има соларни панели кај селото Дуброво во близина на Неготино. Од почеток на 2014 година до сега по цена од 260 евра за мегаватчас продала 5.078 мегаватчасови електрична енергија. Нејзините приходи од привилегираната тарифа досега се 1,320 милиони евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно