Со свој леб по глава- Вучиќ во Хрватска

Со свој леб по глава- Вучиќ во Хрватска


Хрватските медиуми пишуваат дека Вучиќ на јавноста во таа земја ѝ е добро познат од воените времиња кога како помошник на Војислав Шешељ и член на Српската радикална партија ги поттикнувал Србите во Хрватска на војна.

Но, Вучиќ во деведесеттите не им се закануваше само на Хрватите, пишува Индекс. Камерите на РТС снимиле говор на младиот Вучиќ во 1995 во собранието на тогашна Југославија.

„Убијте еден Србин, ние ќе убиеме сто муслимани! Па вие бомбардирајте, убијте еден Србин, ние ќе убиеме сто муслимани. Па да видиме дали смее меѓународната заедница или кој било друг да удри врз српските позиции, дали може така да се оденсува со српскиот народ“, се заканувал Александар Вучиќ поради нападите на НАТО врз српските позиции во Босна и Херцеговина, обидувајќи се да ги примораат на преговори.

За време на посетата на Сараево во 2015 година Вучиќ, тогаш премиер на Србија, тврдеше дека таа негова изјава е извлечена од контекст.

„Нормално дека зборував и многу други нешта за кои тогаш мислев дека се добри, а кои денес не би ги повторил. И денес грешам. Не поднесувам луѓе кои се безгрешни“, кажа тогаш Вучиќ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно