Со коњ на матурска

Со коњ на матурска


Осумнаесетгодишниот Берто Плетикосиќ од Сплит на матурската прослава пристигнал на коњ и со тоа го привлече вниманието на хрватските медиуми.

Како што пишува „Далматински портал“, Плетикосиќ е матурант во училиштето за дизајн и графика. Порталот пишува дека матурантот е долгогодишен јавач на тркачки коњи, а воедно е и лиценциран џокеј при Хрватскиот галопски сојуз и има освоено неколку трофеи.„Кога имав шест години татко ми ме одведе на хиподром и оттогаш ги засакав коњите“, рекол Плетикосиќ.

Матурските прослави во Хрватска се одржуваат во април.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно