Со фалц пасош заврши во притвор

Со фалц пасош заврши во притвор


При пасошка контрола на граничниот премин Табановце било констатирано дека патната исправа на Б.К. (22) од Република Албанија била фалсификувана.

На пасошот бил преправен штембилот под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на ЕУ.

Во 17.15 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и патната исправа биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно