Со 300.000 потписи Путин кандидат за претседател

Со 300.000 потписи Путин кандидат за претседател


Рускиот претседател Владимир Путин формално е регистриран како кандидат за претседателските избори во Русија на 18 март, откако тој приложил повеќе од 300.000 потписи на граѓани.

Централната изборна комисија денеска го регистрираше Путин на точно два месеци откако тој ја објави неговата намера да се кандидира за четврти мандат.

Во услови на висок рејтинг, високи се очекувањата Путин да победи на изборите. Анализите велат дека Путин е подготвен да обезбеди најголема можна победа, со цел да го зајакне мандатот кој е можно да биде негов последен.

Уставот на Русија им забранува на претседателите да служат повеќе од два последователни мандати.

Критичарите велат дека Путин ги вратил назад демократските реформи и напредокот на човековите права направени по распадот на Советскиот сојуз.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно