Со ампутирани нозе вози во Формула 3

Со  ампутирани нозе  вози во Формула 3


Били Монгер е млад британски возач на кого му беа ампутирани двете нозе после една несреќа во Формула 4.

Били после само една година се врати на Олтон Парк и го освои третото место во Формула 3, како 18-годишник!

Карлин дизајнираше специјално возило за ова храбро момче, а колегите од Формула 1 собраа огромна сума пари за да му помогнат на Били, да добие најмодерни протези. Британецот во април минатата година со полна брзина удри во болид кој стоеше на патеката поради откажување на моторот. Во таа страшна несреќа, нозете му беа потполно згмечени, па мораше да му бидат ампутирани. Били заостануваше само 4.09 секунди зад првопласираниот и го освои вторто место на својата прва трка во Формула 3, а ние му посакуваме во иднина да води со голем успех и да стигне до Формула 1.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно