„СМРДИ“ ли нешто? Косовскиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка!

„СМРДИ“ ли нешто? Косовскиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка!


Министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај, официјално ја поднесе својата оставка од фунцијата информирајќи го косовскиот премиер Рамуш Харадинај за деталите во врска со неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државј

Косовскиот премиер побара разрешување на Сефај и директорот на Косовската разузнавачка служба, Дритон Гаши, поради нивната вмешаност во тајното апсење и депортацијата на шест турски граѓани во Косово, припадници на движењето ФАТО, предводено од верскиот водач во егзил Фетулах Ѓулен.

Истовремено, медиумите во Приштина објавија дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, е против разрешувањето на Гуши, а без негов потпис, таква одлука не може да стапи на сила.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно