Сметководителка од Охрид од фирми на клиенти си префрлала пари на своја сметка

Сметководителка од Охрид од фирми на клиенти си префрлала пари на своја сметка




СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „проневера во службата“ и „фалсификување на службена исправа“, со кои на четири правни субјекти им нанела вкупна материјална штета од 4.591.611 денари. 

Како што соопшти МВР, Б.Н. во периодот од 2011 до 2017 година, како сметководителка во сметководствено биро од Охрид, ја искористила својата службена положба и овластување и без знаење и одобрување од четири правни субјекти-клиенти на бирото од нивна сметка вршела плаќања на својата сметка. Таа ја искористила можноста што физички ги поседувала банкарските токени со корисничките имиња и лозинки на клиентите кои се наоѓале во просториите на сметководственото биро и и биле на располагање за вршење плаќања за нивни потреби. 

Пријавената извршила фалсификување на содржината на 369 оригинални изводи од електронските банкарства со внесување невистинити податоци во нив. На тој начин Б.Н. противправно присвоила парични средства доверени во службата, при што на четирите правни субјекти им нанела вкупна материјална штета од 4.591.611 денари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно