Словенија не прифаќа преговори за границата со Хрватска

Словенија не прифаќа преговори за границата со Хрватска


Словенија нема да ја прифати понудата на Загреб за нови преговори околу граничниот спор во Пиранскиот Залив, изјави синоќа словенечкиот премиер Миро Церар.

Нагласувам дека Словенија и натаму ќе биде доследна во спроведувањето на одлуката на Арбитражниот суд и нема да прифати нови преговори за границата, изјави Церар во обраќање пред претставниците на странските дипломатски мисии во Словенија.

Според него, прифаќањето на преговори за граничниот спор би претставувало „оддалечување од европското и меѓународното право, а со тоа и од интересите на Република Словенија“.

Церар оцени дека Словенија може да биде „генерално задоволна“ од соработката со соседите, иако минатата година беа нарушени односите со Хрватка поради „различните гледишта на прашањето за нерешениот граничен спор“.

Тој потесети дека Словенија останува посветена на одлуката на Арбитражниот суд за граничната линија во Пиранскиот Залив, додека Хрватска смета дека за неа тоа решение не важи.

– Словенија ќе продолжи да инсистира на спроведувањето на арбитражната пресуда како правно валидна за двете страни, но ќе ги искористи распложливите правни средства доколку Хрватска ја игнорира пресудата на арбитрите, додаде Церар.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно