Скендербег 10 години нема да се споменува во фудбалот

Скендербег 10 години нема да се споменува во фудбалот


Она што го пишуваа албанските медиуми пред месец и пол, сега доби официјализација „црно на бело“ и од УЕФА. Скендербег е драконски казнет за местење натпревари.

Објавен е официјален документ од УЕФА, потпишан на 21 март, со кој се потврдува дека Скендербег е суспендиран од европските конкуренции 10 години. Згора на тоа, ќе мора да плати и казна од еден милион евра.

Некогашниот првак на Албанија ќе има рок од 60 дена за да се жали оваа одлука, која, неминовно, ќе го „погреба“ на долг рок. Скендербег е казнет за местење натпревари и тоа дури 53. Извештаите од УЕФА велат дека манипулацијата е од криминални димензии и на глобално ниво.

Ова е најдрастичен случај на казна поради местење. Скендербег ѝ го одзема приматот на прилепска Победа, која досега беше најтешко казнетиот клуб во Европа, со седум години суспензија од натпреварите на УЕФА.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно