СКАНДАЛ во Ѓорче: Додека е градоначалникот тука, може да се пуши (фото)

СКАНДАЛ во Ѓорче: Додека е градоначалникот тука, може да се пуши (фото)


Законот за пушење цигари во затворени угостителски објекти веројатно не важи за градоначалниците и функционерите на ист начин како што важи за обичната раја.

„Слободен Печат“, открива дека градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, кој заедно со своите општински советници, го уловивме како ужива во димот на цигарата во затворениот простор на еден познат скопски ресторан, иако законот не го дозволува тоа.

– Пушењето е дозволено додека градоначалникот е тука. Слободно запалете си, денеска не треба да се плашиме од инспекции –тивко ни проговори еден од вработените во ресторанот. – пишува „Слободен Печат“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно