Сите креваат раце од исклепаните стихови.Кои се автори.Кој донел одлука за печатење

Сите креваат раце од исклепаните стихови.Кои се автори.Кој донел одлука за печатење


Студентот Даниел Пиљаковски тврди дека тој не е автор на скандалозните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.

Неговото име стои под песните со „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ чии стихови се со недолична и дискриминаторска содржина. Пиљаковски вели дека песните ги напишал Александар Блажевски од Ресен кој аплицирал на конкурсот во негово име, затоа што бил постар од 29 години. Блажевски извесно време му држел часови по математика на Пиљаковски и оттаму се познавале.

Уредник на публикацијата, испечатена во тираж од 5.000 примероци, е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.Тој на денешната прес-конференција изрази жалење и нагласи дека посебна комисија била должна да направи селекција на песните и писмено да го извести него како директор, доколку има некакви сугестии или забелешки. Тој ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза.

„Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме се што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професинална одговорност кај мене како директор“ рече Каевски.

Авторката на предговорот на спорната збирка поезија, поетесата Николина Андова Шопова реагира дека комисијата чиј член е и сaмата таа, не била консултирана за изборот на песни што ќе бидат отпечатени.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно