Сириската војска го презеде поголемиот дел од Источна Гута

Сириската војска го презеде поголемиот дел од Источна Гута


Сириската војска преземе поголем дел од градовите и селата во Источна Гута и продолжува со операцијата против последниот бунтовнички бастион Дума, соопшти сириската војска.

Портпаролот на војската порача дека Дамаск е безбеден. Продолжува воената операција во Дума, градот што е под контрола на бунтовничката група Џаиш ал Ислам. 

Последните групи на бунтовнички борци и нивните семејства се подготвуваат да си заминат од Источна Гута. Сириските медиуми јавија дека 38 автобуси влегле во градовите Замалка, Еин Тарма, Арбин и Џобар во Источна Гута, од каде ќе пренесат 1.700 бунтовници и цивили до провинцијата Идлиб.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно