Шуга во скопско основно училиште, МОН со детали го потврдува случајот

Шуга во скопско основно училиште, МОН со детали го потврдува случајот


Родителите на децата од основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле се во паника по информацијата дека во училиштето има шуга.

Тие на социјалните мрежи коментираат дека неколку дечиња биле заразени, а реагираат на тоа дека нив како родители, за оваа состојба никој не ги известил. Кај родителите се јави оправдан страв за своите деца од можноста шугата да предизвика епидемија и да се рашири кај повеќе деца.

Еве дел од коментарите на родителите: 

-Шуга во училиштето „Владо Тасевски“. Јас како мајка, дознавам од друга мајка, дека моето дете е во опасност. Зарем не е должна управата нас да не извести? 

-Бев да си го земам детето од училиштето „Владо Тасевски“ и во школскиот двор родителите зборуваа дека неколку деца биле заразени од шуга. Треба да бараме одговорност од директорката веднаш.

-Ајде што одлучиле да не ни кажат лично, ама можеле на еден лист да испринтаат, да знаеме дека има шуга во учичиштето? Или тоа го кријат од нас? Дали е ова нормално? Ако тие не водат трошка грижа за нашите деца, тогаш ние водиме. И мораме да бидеме известени. Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето.

Од Министерството за образование и наука за Курир ја потврдија веста дека кај дечиња од тоа училиште е појавена шуга.

-Станува збор за две дечиња кои се од исто семејство. По пријавување на случајот, веднаш екипа на Центарот за јавно здравје излезе на терен и направи проверка кај децата од тие одделенија. Констатирано е дека освен кај овие две деца, други случаи нема. Во училиштето е направена целосна дезинфекција, изјави за КУРИР портпаролот на МОН, Владимир Делов.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно