Штрајк на полицијата во Словенија, бараат покачување на платите за 200 евра

Штрајк на полицијата во Словенија, бараат покачување на платите за 200 евра


Барајќи зголемување на платите за околу 15 отсто, денеска на штрајк излегоа полицајците и останатите вработени во министерството за надворешни работи на Словенија.

Ова е прв во бранот штрајкови во јавниот сектор најавени за оваа недела, како средство за зајакнување на притисокот врз словенската влада. Полицијата ќе штрајкува се додека не се исполнат нивните барања, потенцираше претседателот на Синдикатот на полицијата на Словенија, Радивој Урошевиќ. 

Тој истакна дека полицајците се потценети и оти заслужуваат повеќе со оглед на нивните работни часови. 

Во моментов просечната плата на полициските службеници е околу 1.400 евра, а тие бараат зголемување за 200 до 220 евра.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно