Што тоа во Штип купува “Витаминка“-Прилеп

Што тоа во Штип купува “Витаминка“-Прилеп


Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри.

Прилепска „Витаминка“ со цел интегрирање на производството и развој на нова група производи планира во Штип да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во  права од индустриска сопственост

Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ планира да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, подвижни ствари и за пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и иднустриски дизајн). Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри. Локацијата на која се наоѓа недвижниот имот и стварите се имотни листови во катастарската општина Штип 1. Според неофицијални информации станува збор за имот во понанешниот текстилен гигант „Македонка“. Целиот овој недвижен имот, движните ствари и правата од индустриска сопственост сега се во во сопственост на „Комерцијална банка“ која ги добила како обезбедување на невратен заем. 

На претстојното акционерско собрание на „Витаминка“ закажано за 14 март на дневен ред ќе бидат ставени две предлог одлуки. Во едната од нив е содржан начинот на финансирање на предлогот за купување на имотот во Штип. Тоа ќе се реализира преку одобрување на долгорочен заем од „Комерцијална банка“ во вредност од 5,3 милиони евра и задолжување со рамковен револвинг кредит во НЛБ Банка на износ од 3 милиони евра наменет за тековно финансирање на друштвото. Токму за тоа се и двете предлог одлуки: едната е за одобрување на одлуката на органот на управување за одобрување на голема зделка и другата е за одобрување на голема зделка.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно