ШТИП: До пред некој месец, немаше „жива“ дискотека, сега „ред се редат“ Дојде ли ноќниот живот во Штип !?

ШТИП: До пред некој месец, немаше „жива“ дискотека, сега „ред се редат“ Дојде ли ноќниот  живот во Штип !?


Штип , најголемиот град во источна Македонија до пред некој месец беше „умрен“ со ноќниот живот. Пред неколку месеци се отворија преку 10-тина нови кафулиња, дискотека и ресторани.

Градот под Исарот е побогат (каде - каде) со ноќен живот, побогат со студенти и луѓе и нормално е да треба да има место каде овој народ да се забавува. Од пред некој месец започна со работа еден ноќен клуб, но некако замрува од ден на ден, дали не е погоден „шливот“ на Штипјани за музика или станува збор за нешто друго , ќе покаже времето. Понатаму се отовори и едно поголемо кафуле во центарот на градот на две нивоа каде врие од народ. Ексклузивно дознаваме дека за кратко време на простор повеќе од 400м2 ќе се отвори  најголемата дискотека до сега во Штип, чии сопственици се познати во градот како искусни менаџери и луѓе кои го познаваат добро штипскиот ноќен живот. Но драги наши да не Ве фалиме предвреме, прво покажете се а после ќе ве „воздигнеме“ или на нашки кажано ќе ве чекаме да „ скокнете па да кажете оп“ ;)

Пофалби и за „Универзитетскиот ресторан“ кој организира доста живи свирки и го врати ретро шмекот на градот, бидејќи се знае дека Штип е градот на Ретро и Рок Музиката.

И за крај да не го заборавиме и новитетот од Роберт Димитров Телекабел и новиот изглед и почеток со работа на „Енџелс кафе“

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно