Шпанија на ракометниот трон

Шпанија на ракометниот трон


За првпат во својата историја Шпанија е европски првак во ракомет, откако во квалитетно надигрување пред 7.000 гледачи во Загреб ја совлада Шведска со 29-23 (12-14).

Во третиот обид „црвената фурија“ стана европски шампион, благодарение на стратегијата на Жорди Рибера  и играта во одбрана. Мечот започна како што посакуваат Швеѓаните и со брзо темпо двата финалисти постигнуваа гол за гол. После голот од контра на ване во 11. минута, Рибера побара минута одмор при 4-6. Сепак, 5-1 одбраната на „фуријата“ ги прочита шведските напади и Раул Ентрерос и Фѐеран Соле погодија за 6-7. Ниту Штербик, кој влезе за седмерецот на Екберг, не можеше да го сопре шведскиот налет и постојаните 2-3 разлика. Јеспер Нилсен со лоб го совлада голманот на Вардар за 9-12 во 25. минута. Ниту исклучувањето на шведскиот кружен напаѓач не го помести балансот до одморот и одбраните на Апелгрин (11 во првиот дел) и головите на Готфридсон донесоа 12-14 по првиот дел. Шпанците подобро го почнаа вториот дел, уловија три контро и брзо израмнија на 14-14 за тајм-аут на Андерсон. Агресивната одбрана на Шпанија им создаде големи проблеми на Швеѓаните, кои не постигнаа гол цели шест минути и шпанските крила направија пресврт (16-14). Скандинавците загубија глава и Арињо погоди за празен гол за прво водство од три разлика (18-15). Шведската клупа по вторпат повика минута одмор, откако Белегер од позиција на десен бек погоди за 19-15. Целосно се распадна шведската игра и со уште два лесни гола во 50. минута предноста достигна 23-16. Победникот беше решен откако Шведска постигна само два гола во 20 минути во вториот дел. Тимот на Рибера лесно го приведе натпреварот кон крај за финална победа од 29-23 и прва европска круна. Во шпанската селекција се истакнаа Соле и Белегер со по пет и, а кај Шведска најефикасен беше Нилсен со пет гола. Залудни беа 15 одбрани на Апелгрин, наспроти 12 на шпанските голмани (Штербик автор на осум одбрани). 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно