ШОК:Тренерот имаше срцев удар

ШОК:Тренерот имаше срцев удар


Натпреварот од 19. коло во втората германската лига помеѓу Дармштат и Кајзерслаутен е прекината на полувремето поради здравствените проблеми на тренерот на гостинската екипа

Последниот пласираниот германски тим гостуваше вечерва во Дармштат во рамки на 19. коло, но натпреварот беше прекинат по резултат 0:0.

До прекин дојде од специфична причина. Не стануваше збор за навивачки испади или пробеми од техничка прирпа, туку му се слоши на тренерот на Кајзерслаутен и итно беше префлрен во болница.

Во краткото соопштение кое го испрати клубот подоцна, не се наведува за што се работи, но германските медиуми јавуваат дека станува збор за срцев удар.

Тренерот на Кајзерслаутен, Џеф Штрасер има само 43 години и улогата на шеф на стручниот штаб ја презеде на 27. септември изминатата година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно