Шоферите од Косово, несакаат да плаќаат патарина во Албанија

Шоферите од Косово, несакаат да плаќаат патарина во Албанија


Косовските камионџии со сплотија и се кренаа против наплатата на патарината на автопатот Тирана-Кукс.

Имено, 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс.

Тие носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се приклучија десетици трговци од Албанија со сопствени камиони, при што се создаде колона долга неколку километри.

На автопатот Трана-Кукс-Морина, или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ има должина од 110 километри и истиот освен транспортните претпријатија, на големо го користат и косовските туристи.

Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцкл, 5 евра за автомобил, 11,2 евра за автобуси, комбиња и камиони со помала носивост,додека камоните со голема носивост 22,5 евра.

За во сабота е најавен масовен протест,о дносно блокирање на најголемиот тунел „Калимаш“ против воведување патарина, во организација на граѓаните на Кукс  и активисти на патриотски здруженија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно