Шмркаат презервативи, па ги влечат од грло: Луд предизвик повторно почна да кружи на интернет! (Видео)

Шмркаат презервативи, па ги влечат од грло: Луд предизвик повторно почна да кружи на интернет! (Видео)


Како и сите интернет предизвици, ова само на прв поглед изгледа невино. По шмркање цимет и ставање сол и лед на кожа, се врати нов луд бизарен интернет тренд – шмркање презервативи.

Овој предизвик беше популарен пред 5 години, а сега помладите генерации очигледно сакаат да му ја вратат популарноста. Оние кои ќе се одлучат да си ги измерат “силите” во оваа “вештина”, мораат да бидат пред камера и да го шмркнат презервативот низ носот и потоа да го извлечат од грло.


Звучи бизарно, но тоа не ги спречува младите луѓе од целиот свет да го направат тоа. Како и сите интернет предизвици, ова само на прв поглед изгледа невино.


Овој предизвик може да ја оштети чувствителната слузокожа на носот, да предизвика алергиска реакција, инфекција или гушење, затоа што презервативот може многу лесно да ви се заглави во носот или грлото.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно