Шилегов во Атина доби аплауз на отворена сцена

Шилегов во Атина доби аплауз на отворена сцена


На грчки јазик, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна прес конференцијата, а продолжи на англиски заедно со неговиот колега, градоначалникот на Атина Јоргос Каминис.

Ова е прва официјалната средба на двајцата градоначалници а Шилегов кажа дека заедно го вложуваат целиот потенцијал да создадат подобри услови за живеење и да го подигнат квалитетот на живот на граѓаните на Скопје и Атина.

Според Шилегов пријателството е доблест која им прилега на храбрите. 

„Иницијативите кои ги поврзуваат народите и регионите во продуктивна соработка и разбирање се пријателски иницијативи. Затоа верувам дека ние имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство во иднина“ – рече  Шилегов.

Од друга страна атинскиот градоначалник го окарактеризира Шилегов како модерен и прогресивен политичар дополнувајќи дека договориле соработка на неколку полиња како социјалната политика, климатските промени и дигитализацијата.

Јоргос Каминис на заедничката прес конференција најави скора посета на Скопје каде ќе биде потпишан Меморандум за соработка а како што истакнал разговарале за соработка која ќе ја зголеми довербата и ќе создава политика на оптимизам меѓу двата града и двете земји.">

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно