Шилегов: Бадниковите поворки се граѓанска иницијатива, нема злоупотреба на деца за религиозни цели

Шилегов: Бадниковите поворки се граѓанска иницијатива, нема злоупотреба на деца за религиозни цели


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, откако вчера во Соборниот храм присуствуваше на свечената манифестација по повод Бадник, денес, по свечената литургија, тој го честита Божиќ на сите православни верници и посака здравје, среќа и мир.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов смета дека во однос на Бадниковата поворка нема злоупотреба на деца во религиозни и политички цели, бидејќи, како што рече, станува збор за граѓанска иницијатива, а Градот со обезбедување превоз за децата само излегол во пресрет на нивните барања. 
– Тоа е граѓанска иницијатива која што се обрати до градоначалниците и до Градот Скопје. Не гледаме дека е злоупотреба на децата, бидејќи таа иницијатива потекнува од самите родители на децата, кои свесно ги внеле децата во таа иницијатива. Ние како град Скопје само излеговме во пресрет на определени потреби за превоз на децата со автобуси. Не гледам дека може да стане збор за каква било злоупотреба во тој случај, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 
Запрашан дали со ова не се нарушува секуларноста на државата Шилегов посочи дека не може да стане збор за тоа, бидејќи тоа е граѓанска иницијатива. 
– Таа не доаѓа од некоја од религиозните заедници, туку е класична граѓанска иницијатива, која слави еден верски празник што е нешто што доста често ни се случува во државата, а ние како избрани претставници токму на граѓаните, во зависност од нивните потреби и во зависност од можностите им излегуваме во пресрет, додаде Шилегов.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно