Шеги се надева на свадбена покана и дека некој ќе донесе марихуана

Шеги се надева на свадбена покана и дека некој ќе донесе марихуана


Музичарот Шеги се надева дека ќе добие покана за венчавката на Меган Маркл и принцот Хари која ќе се одржи на 19 мај. А, доколку среќата му се насмевне, вели дека со себе ќе понесе и марихуана.

"Мислам дека ќе им треба некој од Јамајка, па некој мора да донесе марихуана на забавата", вели раперот. 

Во април тој ќе настапува на концертот за 92 роденден на кралицата Елизабета Втора заедно со Крег Дејвид, Кајли Миног, Шон Мендез и Том Џонс.

Шеги е роден на Јамајка и познато е по тоа што се залага за поголема потрошувачка на марихуаната, а верува дека тоа ќе биде ефикасно во борбата против тероризмот. "Луѓето кои ќе конзумираат марихуана нема да сакаат да убијат никој. Само сакаат љубов. Доколку слушате реге музика, сè што сакате е да се напушите или да водите љубов. Пуштете им малку Боб Марли и марихуана на ИСИС и повеќе нема да има војна", изјави Шеги кој сними албум со Стинг.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно