Сер Фергусон го пречека Санчез

Сер Фергусон го пречека Санчез


Англиските медиуми успеаа да „уловат“ една сцена која ни потврдува дека зделката е веќе завршена меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Тоа е фотографијата на која Алексис Санчез пристигнува во автомобил на „Олд Трафорд“, а може да се забележи, во прв план дека има ,,случаен” дочек од сер Алекс Фергусон.

Манчестер Јунајтед и Арсенал се уште не излегуваат со официјално соопштение за потврда на размената меѓу Хенрик Мхитаријан и Алексис Санчез, а во ситуација кога само прашање на време е кога ќе пристигне такво нешто.

Чилеанецот се очекува да биде огромно засилување за Манчестер Јунајтед во вториот дел од натпреварувачката сезона.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно