Семејството Јонузовски живее тешко: Сама и без примања се грижи за болната мајка, таткото починал кога имала 5 години

Семејството Јонузовски живее тешко: Сама и без примања се грижи за болната мајка, таткото починал кога имала 5 години


Ова е Семра, која уште како дете се грижи за нејзината мајка Ѓултен која е парализирана и со оштетен слух.

Нејзиниот татко починал пред 25 години, кога таа имала само пет години и оттогаш, таа го носи целиот товар за семејството. Мајката и ќерката немаат месечни примања, а Семра вели дека сака да најде работа, но не успева. Семејството Јонузовски, досега смениле девет стана, бидејќи немаат пари да ја платат месечната кирија. 

Семра и Ѓултен стравуваат дека повторно можат да бидат избркани од станот во кој живеат, пренесува телевизијата. 

Мајката на Семра, Ѓултен вели дека хумани луѓе им носат храна, а пак, киријата од 100 евра ја плаќа нејзината 80-годишна мајка. Мајката на Семра вели дека ѝ е тешко при помислата дека нема да може ништо да ѝ остави на својата ќерка. Двете се надеваат дека добронамерните луѓе ќе излезат в пресрет, за да успеат барем да обезбедат сигурен покрив над глава. 

Како контакт за помош е Африм Јонузи 077-848-439

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно