Село во кое наместо со пари се плаќа со кокаин: Отсечено од светот, без струја и вода каде кокаинот им е валута

Село во кое наместо со пари се плаќа со кокаин: Отсечено од светот, без струја и вода каде кокаинот им е валута


Во отсечено село кое се наоѓа на Андите во Колумбија живеат помалку од 200 луѓе, но тие успеваат да произведат месечно повеќе од 100 килограми кокаин.

Во селото чие име не е откриено, не постои никаков извор на вода за пиење, а мештаните живеат под свеќи бидејќи нема ни струја. Меѓутоа ова село успешно произведува кокаин секој месец бидејќи ова подрачје е исполнето со листовите кои се потребни за правење на оваа дрога, пишува Мирор. Вреќа од 2.27 килограми билки може да се преточи во 2 килограми чист кокаин, кој пак може да се продаде за близу 50.000 евра во Њујорк. 

Тоа значи дека секој месец селото произведува кокаин чија вредност е 2.5 милиони евра. Мештаните кокаинот го користат и како чип за коцкање но и како валута. Всушност како што пренесува Мирор, мештаните во ова село намирниците ги плаќаат со кокаин, за сметка од 27.000 пезоси пиво се плаќа 10.8 грама кокаин.


Мештаните кои се одговорни за производство на дрогата велат дека се свесни за последиците кои таа ги има. 

- Знаеме дека силите кои се борат против тргување на оваа дрога можат да се појават во секој момент, да го растурат производството а мене да ме пратат во затвор. Свесен сум дека се бавам со илегаллна работа и дека многу луѓе се предозираат од кокаин - вели еден од локалните произведувачи на кокаин. Владата на Колумбија со години води војна против дилерите на дрога, а ширум земјата се распоредени и трупи за да се искорени и недозволеното садење на оваа билка. 

Во октомври минатата година 7 луѓе се убиени додека повеќе од 20 се повредени при акција за искоренување на поле со оваа билка. Во акцијата се вклучиле и повеќе од 75.000 семејства, кои сакаат да се ја ослободат својата земја од кокаинот.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно