Село гори, баба се чешла.ЗНМ и попустот на ЈСП

Село гори, баба се чешла.ЗНМ и попустот на ЈСП


Новинарите кои се членови на Здружението на новинари на Македонија ќе добијат поволност од Град Скопје, така што ќе имаат 50 отсто попуст за месечните автобуски билети на Јавното сообраќајно претпријатие.

Оваа бенефиција е договорена меѓу ЗНМ и Град Скопје во рамки на меморандумот за соработка.

Одлуката за овозможување на новата поволност ќе биде разгледана утре од советниците на градското собрание. Како што стои во одлуката, со неа се обезбедуваат месечни билети за членовите на ЗНМ по цена намалена за 50 отсто.

„ Град Скопје во интерес на зголемувањето на транспарентноста во работењето на институцииите и отчетноста преку целосна отвореност за навремено и точно информирање, а во интерeс на граѓаните, склучи Меморандум со ЗНМ, кој во взаемен интерес ќе придонесе за постигнување на општопоставената цел. Затоа, како една од мерките која ќе овозможи непречено, ефикасно и динамично  работење на новинарите, членови на ЗНМ, е и обезбедувањето на намалување во висина од 50 проценти на месечни автобуски билети на подрачјето на град Скопје“, стои во одлуката.

И со оваа одлука ЗНМ покажа и докажа, дека  новинари има само во Скопје.ЗНМ, како и некои други се гробари на македонското новинарство.Докази има повеќе од милион.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно