Селмани за соопштението на ДУИ: Какви психопати се овие?

Селмани за соопштението на ДУИ: Какви психопати се овие?




Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, реагира во однос на соопштението на ДУИ во врска со вчерашната престрелка во Мала Речица, со кое албанската партија се оградува од пресметката меѓу две ривалски групи од кумановскиот огранок на партијата. 

„Како го читате соопштението на ДУИ за инцидентот во Тетово со трагични последици? Нека се убиваат Албанците, нас воопшто не ни чуе, доволно е ДУИ да не се спомне по лошо. Какви психопати се овие? И да немаше никаква врска овој инцидент со ДУИ, редно беше еднаш да изразат жалење за инцидентот и сочуство на семејството на загинатиот!“, напиша Селмани на неговиот фејсбук профил. Во однос на тоа, синоќа од ДУИ соопштија: „Демократската Унија за Интеграција и денес, како и секој друг ден ги реализираше своите вообичајни активности. 

Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент. Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со ДУИ“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно