Секој ден сме на судење, ова не е фер, му рече Груевски на судијата

Секој ден сме на судење, ова не е фер, му рече Груевски на судијата


Експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не ги добија цедињата со бомбите кои се доказ во предметот „ТНТ“. Судот го повлече задолжението СЈО да им ги достави цедеата со бомбите и смс-пораките.

Груевски му се развика на судијата: „Секој ден сме на рочишта. Не е фер судењето. Кога да ги слушаме бомбите? Не сме ние виновни што нема слободна судница“, му рече Груевски на судијата Ставрев. „А за Заев може да се одлага судењето. Секој ден сме на судење. Ова е фарса, малтретирање…“ му рече Груевски на судијата. 

„На Заев му закажувате на 2 месеца, мене на 3 дена. Не е хумано во 3 дена 5 судења“, се пожали Миле Јанакиески. Тој истакна дека во случајот „Траекторија“ има 300 бомби за слушање.

 „Цела држава ги има бомбите само ние ги немаме“, му се развика Јанакиески на судијата. „Имаме над 2000 разговори и 10 илјади смс-пораки“ рече Јанакиески. Груевски побара од судијата да ја каже одлуката ако веќе е донесена.

 „Сакам да ни дадете објаснување зошто го задолживте судот да ги достави бомбите па го повлековте задолжението“, рече Груевски. Судијата му рече дека во бомбите може има приватни разговори кои може да протечат во јавноста. Следно рочиште е закажано за 15 февруари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно