Сеќавање за 1.601 убиено дете во Сараево

Сеќавање за 1.601 убиено дете во Сараево


Во текот на 44-месечната опсада, во Сараево биле убиени околу 10.000 цивили, главно од снајперски и минофрлачки оган од околните ридови. Проценките за бројот на убиени деца, варираат. Некои веруваат дека нивниот број е 1.601

Садењето на рози, на 6 април, ќе биде ставено во официјалната агенда на одбележувањето на годишнината од опсадата на Сараево во 1992, како и на ослободувањето од нацистичката окупација во 1945 година.

Како што најави организаторот на овој настан, Ботаничката градина Сараево, розите ќе бидат засадени на четири различни локации, вклучувајќи ја и онаа кај споменикот на убиените деца во Големиот парк на улица „Маршал Тито“, а ќе ги засадат работниците на јавното претпријатие за озеленување на градот, како и екологисти и родители, доброволци.

Според најавата, за цвеќињата, по садењето, ќе се грижат родителите на убиените деца.

Сараево е инаку познато по друг вид на „рози“ – кратерите направени при гранатирањето на градот, на местата каде што, за време на опсадата, биле убиени цивили, кои по војната се обоени со црвена боја.

На 6 април, Сараево одбележува два настана. Крајот на нацистичката окупација во Втората светска војна и почетокот на опсадата на градот во 1992 година, од страната на силите на босанските Срби.

Здружението на родители на деца убиени за време на опсадата на градот, поседува документација за 534 убиени деца, додека според непотврдени информации, бројката изнесува близу 1.500.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно