Седуммина загинати во немири во затвор во Јужна Каролина (ДПЛ)

Седуммина загинати во немири во затвор во Јужна Каролина (ДПЛ)


Седум лица загинаа, а 17 други се повредени во немири во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина, јави АФП.

Седум лица загинаа, а 17 други се повредени во немири во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина, јави АФП. Раководството на затворот во местото Бишопвил соопшти дека немирите почнале доцна синоќа, но дека ноќеска во 2:55 часот по локално време (8:55 часот по средноевропско време) состојбата била ставена под контрола. „Инцидентот резултираше со 17 затвореници пренесени на медицински третман и со седумина убиени“, се наведува во соопштението. При немирите нема загинати или повредени затворски чувари. 

„Во инцидентот учествуваа поголем број затвореници од три оддели на затворот“, се додава во соопштението на затворската управа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно