Седум мртви од дињи во Австралија

Седум мртви од дињи во Австралија


Дињи, заразени со бактерија листерија се извезени од Австралија во најмалку девет земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во Австралија неодамна починаа седум лица и беше регистиран еден спонтан абортус, како последица на јадење диња од видот канталупа.

Дињи се извезени во Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Оман, Катар, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а можат да стасаат и до Сејшелите, се наведува во соопштението на СЗО.

Во Австралија во јануари беа потврдени 19 случаи на заболени од листерија, бактерија која има долг период на инкубација – од една недела до 90 дена.

На почетокот на март, австралиските власти открија дека дињи се извезени, поради што испратиле детални информации на купувачите по пат на мрежата „Безбедност на храната“.

– Се верува дека причина за ширење на заразата е комбинација на условите во животната средина и времето на загадување на површината на плодот со бактерија која опстојува и по процесот на миење, наведува СЗО.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно